Сончев и топол вторник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, вторник, 18. октомври, ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и релативно топло, во делови од котлината со слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степена. Маврово 17, Охрид 19, Битола и Крива Паланка 20, Берово 18, Кавадарци 21, Дојран 24.

До среда утрата ќе бидат студени, наместа температурата ќе се спушта под нулата и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе се одржува сончево и релативно топло. Во четврток ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика во следните два дена опаѓање на температурата за неколку степени.