Сончев и топол вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, вторник, 26. април, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Попладне во североисточните делови ќе има локално зголемување на облачноста проследено со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 26 Целзиусови степени, Маврово 16, Охрид 20, Битола 23, Крива Паланка 22, Берово 21, Кавадарци 26, Дојран 28.

Утре времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец и дневни температури од 18 до 28 степени.