Сончев и топол четврток со мала дестабилизација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето во Македонија денес, четврток, 7 јуни, ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 22 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 15, а дневната до 31 степени.

Утре преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја, а кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.