Сончев и топол четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој мартовски четврток времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура ќе се движи од 14 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус еден, а дневната температура до 21 степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 14 степени, Охрид 17, Битола и Крива Паланка 18, Кавадарци 21, Берово 16, Дојран 23 степени.

И утре времето ќе биде сончево и топло со слаб северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 16 до 25 степени. Ваквото сончево и значително потопло време ќе услови нагло топење на снежната покривка на планините.
Во сабота облачноста ќе се зголеми, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Во недела врнежите ќе бидат пообилни и поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.