Сончев и топол четврток


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска, четврток, 17-ти февруари, времето во Македонија претпладне ќе биде умерено до значително облачно, на крајниот југоисток со слаб дожд.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува и попладне ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 15 Целзиусови степени, Маврово 7, Охрид 12, Крива Паланка и Берово 12, Кавадарци 17, Дојран 18.

Утре наутро на места ќе имаме умерена до значителна облачност. Во тек на претпладнето облачноста ќе се намали и потоа ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а дневните температури ќе се движат од 9 до 20 степени.