Сончев и студен вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, вторник, 25. јануари, ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието, засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната од -9 до 5 Целзиусови степени.

Во Скопје, слично време со повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 2 степена. Маврово -9, Охрид и Битола -4, Крива Паланка -4, Берово -5, Кавадарци 3, Дојран 5.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда, утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните од средината на седмицата ќе бидат во постепен пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.