Home Актуелно Сончев и студен четврток

Сончев и студен четврток

Денеска, четврток, 9. февруари, утрото во Македонија носи многу студено и суво време, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец.

Во Скопје сончево и студено со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од североисточен правец и дневна температура до 3 Целзиусови степени. Маврово -4, Охрид 1, Битола и Крива Паланка 0, Берово -1, Кавадарци 3, Дојран 7.

Утре времето ќе биде претежно сончево, ќе дува слаб ветер од северен правец. Во Скопје сончево сo слаб северен ветер. Дневните температури ќе се движат од -1 до 9 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…