Сончев и потопол четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, четврток, 10. февруари, во Македонија ќе имаме сончево и потопло време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на слаба магла, во текот на денот ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

И утре ќе преовладува сончево и потопло време, претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини.

Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата за неколку степени, а облачноста ќе се зголеми. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време.