Сончев и натпросечно топол доцнооктомвриски понеделник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


24-от ден од месец октомври во Македонија носи сончево со мала локална облачност и релативно топло. Наутро ќе има услови за слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 22 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и таму температурата преку денот ќе биде пониска за неколку степени.