Сончев четврток со мала облачност


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Денешниот трет ноемвриски ден во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 22 степена. Маврово 19, Охрид 20, Битола 23, Крива Паланка и Берово 21, Кавадарци 23, Дојран 26.

И во петок ќе се задржи стабилно време, но со зголемена облачност во попладневните часови.

Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2). Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, а дневната температуара значително ќе се намали.