Сончев четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Поради разведрувањето утринските температури ќе бидат ниски за овој период од годината. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 24 степени.

И утре ќе се задржи стабилно време, со пониски утрински температури, а дневните од сабота ќе бидат значително повисоки. Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи ќе има во недела.