„Браќа сме и само браќа“: Македонските владици со камбани пречекани во Белград (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На Фејсбук страницата на Патријархот на Српската православна црква, Порфириј, беше објавено видео од дочекот на делегацијата на МПЦ-ОА во Белград.

На видеото може да се види како Архиепископот Стефан е пречекан од страна на Патријархот Порфириј, при што разменуваат прегратки додека во позадина се слуша звукот на црковните камбани.

„Како што камбаните ѕвонат на Светосавскиот храм, така и нашите срца чукаат од радост поради овој благословен ден. Добредојдовте драги браќа! Добредојде брате Архиепископе Стефане и владици. Добредојдовте во заедницата на љубовта, вие и сиот ваш богољубив народ. Браќа сме и само браќа“, стои во Фејсбук објавата на српскиот Патријарх.

Утре поглаварите на СПЦ и МПЦ ОА, Патријархот Порфириј и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе служат заедничка литургија за помирување во храмот Св. Сава во Белград.