Сочувајте ги искрите на љубов: Овие седум сигнали покажуваат дека на врската и се гледа крајот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дали и вам ви се случило да запознаете личност која цврсто дека е убедени дека е онаа вистинската, но како што минува времето се потешко ви е да бидете во однос и безуспешно се обидувате да ги сочувате искрите на љубовта? Ова се сигнали дека сте блиску до разделба…

Живеете како цимери, а не како пар

Ова често се случува кога сте долго време во врска и работните или било кои други обврски стануваат приоритет. Секако дека не можете да ја запоставите работата или да го оставите фрижидерот без храна, но кога последен пат сте минале квалитетно време како пар? Доколку сакате да ја спасите својата врска испланирајте заеднички часови во кои навистина ќе уживате.

Повеќе не се смеете заедно како претходно

Забавата и насмевката се главни состојки на секоја здрава врска. А доколку секојдневно не се насмеете барем на некоја негова шега или заеднички спомени, во сериозен проблем сте. Парот кој е опсипен со насмевка и се радува на заедничките моменти е пар кој веќе оддамна завршил и само е прашање кога себеси тоа ќе си го признаете.

Не можете да се ослободите од негативните мисли за вашата иднина

Негативните емоции ги надминаа позитивните моменти и колку и да се трудите да не гледате се лошо, едноставно тоа е посилно од вас. Дури и кога партнерот прави се за да усреќи, вие тоа не го приметувате и го толкувате како нешто лошо. Ако ова е ваш случај, веројатно ви е потребно советување од љубовен терапевт. Тој ќе ви помогне да го разберете вашиот однос, ќе ги дознаете причините за проблемите во врската и начинот да ги отстранете. И што е најважно, зборувајте со својата втора половина, обидете се да ги дознаете причините и дојдете до заеднички решенија.

Немате причина за судир и расправа

Верувале или не, но доколку нема расправија нема ниту искрена љубов. Притоа не мислиме дека секоја ситница треба да ја користите како повод за расправија, но доколку ваш ништо не ве доприа и не ви пречи апсолутно ви е сеедно како вашето момче се однесува, можеби тоа е всушност голем знак дека треба да стане бивши.

Не верувате како претходно

Нема да се повторуваме дека довербата е навистина основа на здрав однос. Ако не можете да се решите од опсесивните мисли и убедени сте дека партнерот ви е невереен, поставете си едно едноставно прашање: „Што правам во врска со личност на која не и верувам“. Бидете искрени кон себе, не се мачете, но и личноста со која сте во врска. Доколку нема доверба, нема ниту љубов.

Разговарате повеќе со своите пријатели отколку со него

Вашето момче треба да биде ваш човек од доверба, речиси еднакво како и вашите најдобри пријатели. Трева да сте во можност да разговарате за се со него. Ако се плашите дека ќе ве протолкува погрешно или ќе ве осуди, тогаш имате сериозен проблем во комуникацијата кој морате да го решите што е можно побрзо или да го затворите засекогаш тој ваш мачен однос.

Повеќе не го сакате доволно

Изгледа дека вашиот однос е во невоља, ако сте ги минале претходните 6 сигнали и добро сте замислиле околу ова последното. Се чувствувате помалку сакано или не сте во можност да му ја возвратите љубовта како претходно. Сите овие се знаци дека е време да реагирате. Добрата вест е дека постои шанса за закрепнување, но на тоа да работите заедно.