Вебкафе

Со велосипед леташе со над 280 км/час (видео)

Во потфат изведен на авионската писта Елвингтон, Северен Јоркшир, Британецот Нил Кембел постави нов светски рекорд во брзо возење велосипед.

Кембел постигна брзина од 280,557 км/час. Со тоа Кембел за 14 километри на час го надмина досегашниот светски рекорд што 24 години го држеше Холанѓанецот Фред Рампелберг, поставен во Солт Лејк Сити , САД.

Велосипедот на Кембел го повлече Порше Кајен пред да почне со сопствена сила да вози по пистата долга 200 метри и ја достигна рекордната брзина.

По соборувањето на рекордот , Британецот најави дека амбиција му е да достигне брзина од 350 километри на час со велосипед.

Advertisements
To Top