Home Актуелно Со вакви Балканци, Германија не мора да бери гајле за својата иднина

Со вакви Балканци, Германија не мора да бери гајле за својата иднина

Сојузната канцеларија за миграција на Германија го објави најновиот извештај со статистички податоци за доселени и иселени лица во и од таа земја во периодот од 2016 и 2017 година. Тие податоци на нивната веб страна ги објави германското Министерство за внатрешни работи.

Па така во 2016 година во Германија дошле 212 863 Романци, а во 2017 нешто повеќе од 219 989.

Во Германија најмногу после Романците стигнуваат државјаните на Полска, Сирија, Бугарија и Авганистан.

Бројот на српски државјани кои во 2016 година дошле во Германија е 24 616 а во 2017 се 26 527. Освен тоа, објавен е и податок колку луѓе отишле од Германија, па така таа земја пред две години ја напуштиле 33 021 Срби а 2017 година 19 554.

Исто така, спред тие податоци во текот на 2016 и 2017 година во Германија се доселиле 110 526 Хрвати.

За споредба , во овие две години од БиХ во Германија се отселиле нешто повеќе жители од што има да кажеме во општина Бугојно, една од најголемите во Среднобосанскиот кантон. Македонија не е на оваа листа, но затоа пак нашиот сосед Бугарија во 2016 го напуштиле 53 675 а тој број во 2017 изнесува 49 321 луѓе.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…