Со помош на мобилна апликација купувајте органска храна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Организацијата на потрошувачите на Македонија, Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ и Здружението на агроновинари „Медиа плус“ денес ја промовираа мобилната апликацијата за мобилни уреди „Органски пат“.

Апликацијата им овозможува на потрошувачите брзо и едноставно да дознаат каде во нивна близина можат да набават или консумираат органска храна.

„Од денес секој ќе може на својот мобилен телефон да ги пребарува производителите на органска храна во Македонија, како и ресторани, продавници и сместувачки објекти кои имаат органска храна во своите понуди“, изјави Маријана Лончар-Велкова, претседател на Организацијата на потрошувачите.

Со оваа активност Македонија се вклучи во глобалната кампања „Недела на зелена акција“ која се одржува од 2 до 8 октомври 2017 г. Кампањата, предводена од Меѓународната организација на потрошувачи, промовира одржлива потрошувачка и годинава опфаќа 29 земји во Африка, Азија, Европа и во Америка.

„Во последниве шест години во Македонија е преполовен бројот на производители на органска храна“, додаде Александар Николов од асоцијацијата „Зенит“.

Апликацијата „Органски пат“ е достапна бесплатно на „Гугл плеј стор“.