Со нула проценти емисија на СО2 – ова е најеколошката држава на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мала земја со вкупен број на население од 750.000 жители, хималајската земја Бутан е горда на нејзините жители кои сакаат да ја зачуваат природата во нејзината оригинална форма и убавина. Земјата со години наназад се обидува да биде еколошка и да ја намали емисијата на штетни стакленички гасови.

31.8.butan1Иако нивната крајна цел беше емисијата на јаглерод диоксид да ја сведат на нула, сега тие постигнаа дури и негативно ниво, што значи дека шумите во земјата апсорбираат повеќе јаглерод диоксид отколку што емитуваат жителите.

31.8.butan2Населението на Бутан верува дека нивната среќа е поврзана за природата и доколку нема сооднос меѓу нив нема да има ни рамнотежа. Земјата не го мери својот успех според бруто домашниот производ како што прават сите други нации со пресметување на монетарната вредност на тоа што го произведуваат, туку ја мери бруто националната среќа.

31.8.butan3Заштитата на околината е вклучена во Уставот на Бутан и ги обврзува граѓаните барем 60% од површината на државата во секој момент да се покриени со шума. Моментално тој процент изнесува 72%, поради што и жителите се среќни.

31.8.butan4 31.8.butan5Зачувувањето на шумите и природната средина е во суштината на борбата со климатските промени, нешто што повеќето земји го игнорираат. Не само што Бутан ги штити шумите од сечење, туку постојано ја зголемува пошумената површина.

31.8.butan6 31.8.butan9Земјата се надева да придонесе за зачувувањето на средината и на други начини, како, на пример, со нула емисија на стакленички гасови и нула отпад до 2030 година, а до 2020 година сака целосно да се префрли на органско производство. Исто така, има склучено договор со Nissan за снабдување на земјата илјадници електрични возила.

31.8.butan7Gодинава Бутан засади неверојатни 108.000 дрвја во честа на раѓањето на првото дете на кралот Кесар и кралицата Џетсон. Минатата година, пак, екипа од 100 волонтери поставија светски рекорд засадувајќи 49.672 дрвја за само еден час.