Со голи раце спаси дете од сигурна смрт откако питбул го загриза за вратот (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


20-годишниот Патрик до Сеу е вистински локален херој во неговиот роден Рио де Жанерио откако истрча на улица за со голи раце да го спаси 4-годишниот Жоао Педро кој беше нападнат од настрвен питбул кој го загриза со челустите за вратот.

Младото момче со голи раце тргна кон разлутениот пит бул. Опасното куче веќе го држело 4-годишното дете за вратот кога Патрик стигнал до нив.

Безбедносните камери на улицата го снимиле моментот кога пит булот го нападнал без причини 4- годишниот Жоао Педро во една улица цо Рио де Женеиро. Пит булот го изгризал малото дете за рацете и нозете и почнал да го влече по асфалтот пред да стигне спасителот Патрик.

Патрик за среќа успеал да го спаси 4 годишниот Жоао од вилицата на опасниот пит бул. Тој за локалните медиуми изјавил дека во тие моменти помислил на својата двогодишна ќерка.

„замислив дека тоа е мојата ќерка. Таа има само две години, но е исто висока колку Жоао. Кога видов што се случува реагирав инстинктивно. Кога го повлеков кучето видов дека неговите заби веќе беа зариени во вратот на момченцето, изјавил Патрик.

Откако го спаси детето Патрик не можел да се оттргне од нападите на пит булот поради штпо и тој морал да скокне на кров на еден паркиран автомобил каде што претходно го ставил малиот Жоао. Тиа двајца потоа околу половина час минале на кровот на автомобилот чекајќи да стигне помошта.

Дадилката на Жоао изјавила дека пит булот се појавил одненадеж и веднаш го нападнал детенцето.