Home Актуелно Со 61 глас „против“ и 43 „за“ во Собрание отфрлена интерпелацијата на Талат Џафери

Со 61 глас „против“ и 43 „за“ во Собрание отфрлена интерпелацијата на Талат Џафери

Доцна синоќа пратениците од македонското Собрание со 61 глас „против“, а 43 „за“ ја одбија интерпелацијата на собранискиот претседател Талат Џафери.

Последен говорник беше претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој ретко е во Собранието и ретко се јавува за збор. Ја искористи приликата да го поддржи својот сопратиец Џафери, но и да повика на заедничка работа и храбрости во актуелната ситуација со Бугарија.

-Вознемирено ги следам медиумите, се сменило името на Бујар Османи во Булгар Османи. Ова е наша заедничка држава. Затоа Џафери и Булгар Османи имаат мисија, затоа што ова е нашата мисија. Ние не сме тука за бенефиции, туку за општото добро на граѓаните. Затоа ни треба да работиме заедно, затоа што ова се миговите кога се одлучува за постојан мир и нула проблеми со соседите.

Се додека овој храм се претвора во обвинителство… Да, вистина е има корупција, има криминал, да се бориме заедно против него, рече Ахмети.

Говорот на Ахмети беше награден со аплауз од страна на мнозинството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…