СМК: Заев врши повреда на угледот на Македонија и го изложува на подбив македонскиот народ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на премиерот Зоран Заев со премиерот на Турција, Бинали Ј’лд’р’м, во палатата Чанкаја во Анкара, дека “решение за името на државата погодно за НАТО и ЕУ, ќе биде погодно и за Македонците“.

Македонците во светот сметаат дека со оваа изјава на Зоран Заев, Владата врши кривично дело повреда на угледот на Република Македонија и го изложува на подбив Македонскиот народ пред меѓународната заедница и во светот!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на дравата и идентитетот на нацијата!

Македонците во светот отфрлаат Македонците отфрлаат пристапување на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО-Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија! Европската Унија и НАТО Алијансата не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Не се оттргнавме од прегратките на Белград, за да се фрлиме во скутот на Атина или Софија, туку да бидеме суверена и самостојна држава Македонија!

Македонците и натаму бараат безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина, за тоа Претседателот на Републиката со нота да го извести Генералниот Секретар и да достави предлог-Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна провинција на Република Грција и југозападна провинција на Република Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, на англиски јазик “Macedonian people“ и “Macedonian language“, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат!

СМК изразува почит и благодарност кон изјавата на турскиот премиер Бинали Ј’лд’р’м дека “Погрешно е друга земја да го одредува името на Македонија!“