Случајот „Пецаков и Ковид-19“: Не бил крив – едните, крив бил – другите, тешко нас народот со овие и вакви


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ фабрикува случај за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и најавија дека тој наскоро ќе поднесе тужба за клевета, по информациите дека против охридскиот градоначалник ќе биде поднесена кривична пријава затоа што не се самоизолирал додека чекал резултати од тест за ковид-19.

„Во наредниот период градоначалникот Пецаков ќе покрене постапки за клевета. СДСМ фабрикува случај таму каде што нема. И за тоа ќе има одговорност за сите инволвирани во фабрикувањето на лагата. СДСМ дефокусира од фактот дека со нивната неспособност убија осум илјади луѓе. Порано беше Наќе крив, а сега Пецак им е крив“, се наведува во реакцијата за одбрана на Пецаков, откак СДСМ денеска, на прес-конференција побара одговорност од охридскиот градоначалник.

Богданка Кузевска, портпаролка на СДСМ, го оцени однесувањето на Пецаков, кој присуствуваше на манифестацијата за Водици откако направил-ковид -тест, како „скандалозно и крајно неодговорно“.

„Без маска и без никакво почитување на протоколите, Пецаков се ракуваше со граѓани, сопартијци и амбасадори.

Ова не е само непочитување на одредбите и законите. Ова скандалозно однесување на Пецаков е непочитување на граѓаните, на охриѓани, но и непочитување на лекарите и медицинските лица. Неодговорноста е одлика на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Пецаков бил заедно и со Христијан Мицкоски, неговиот партиски шеф.
Зошто Мицкоски молчи за ова скандалозно однесување на Пецаков? Ќе го повика ли на одговорност или ќе го штити? Или Христијан Мицкоски нема образ за ова затоа што и тој среде пандемијата шеташе по кафеани“, рече Кузевска, на прес-конференција.

Со своја верзија за случајот од 19 јануари, на празникот Водици, денеска повторно излезе и Пецаков, обвинувајќи дека е цел на „владина хајка“.

Тој тврди дека во средата се тестирал во Центарот за јавно здравје – Охрид, не поради симптоми, туку поради патување во странство и потребата за негативен ПЦР – тест.

„Нормално не бев во изолација, затоа што што би се случило доколу илјадници луѓе, поради потребата за патување во странство, би се изолирале чекајќи резултати. Секако, не постои ниту еден пример кој се изолирал додека чекал резултати на ПЦР – тест за странство , така што јас во текот на тој ден бев со охриѓани кои го славеа големиот христијански празник.

Истиот ден, околу 17 часот( а го прочитав подоцна) добив известување кое кажуваше дека имам позитивен тест. И иако не чуствував никакви симптоми превземав мерки за самоизолација, додека мојата сопруга имаше негативен тест

Наредниот ден ( четврток) експресно добив решение за изолација од инспекторката од ДСЗИ. Бидејќи без симптоми, 10 дневна изолација, а сте имале можност да видите и лично, најголем дел имногу покасно, а се случувало и да не добијат решение за изолација.

После 36 часа од тестирањето, со оглед на тоа што немав никакви симптоми, ниту некој од моето опкружување, се тестирав уште еднаш, при што се покажа дека тестот е негативен. Само што ги добив резултатите, истите и ги испратив на инспекторката.

Стана јасно дека станува збор за грешка во тестирањето или пак кујните на власта по своја потреба тоа така го фабрикуваа“, објаснува Пецаков.

Тој и се закани со тужба за клевета на директорката на Државниот санитарен и здравствен инспектора, Ирина Бухова.

„Не сум прекршил ниту еден проткол, ниту свесно сум предизвикал опасност за граѓаните. Вие и оној политички менаџмент во ДСЗИ ќе се соочите со кривична пријава за клевети и несовесно работење и изнесување на заштитени здравствени податоци во јавност преку вашите политички портали“, вели Пецаков.