Ковачевски со владина делегација во посета на Софија – пречекан со високи државно-воени почести


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, во придружба на владина делегација, е во официјална посета на соседна Бугарија.

Ковачевски беше пречекан со највисоки државнички и воени почести на плоштадот Александар Невски во Софија од страна на бугарскиот премиер Кирил Петков .

Петков и бугарската влада се домаќини на Ковачевски и министрите од нашата влада, на заедничката седница која ќе почне утре изутрина и ќе трае до доцна вечерта.

Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски е втор кој во изминативе години, после кинескиот премиер, се пречекува во Софија со високи државно-воени почести.

Ова е четврта официјална посета на делегација од Македонија, а утре ќе биде одржана втора меѓувладина седница.

Двајцата премиери положија цвеќе пред споменикот на Кирил и Методиј и Незнајниот борец.

Попладнево, ќе го посетат и универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Софија. На крајот, агендата ќе заврши со отворање на канцеларија на државната медиумска агенција (МИА) во Софија.