Словенија е прва држава во Европа која прогласи крај на епидемијата на коронавирусот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенија официјално е првата европска држава што формално прогласи крај на епидемијата на коронавирусот. Крајот на епидемијата во Словенија беше прогласен на видео-конференциска седница на Владата во Љубљана која се одржа во текот на вчерашниот ден.

Одлуката дојде по проценката на националниот Институт за јавно здравје кој оцени оти сите показатели говорат за смирување на коронавирусот, поточно дека болеста во последните 14 дена е детектирана кај само 35 лица.

Првиот случај на ковид-19 во земјата беше регистриран на 4 март, а осум дена подоцна беше прогласена епидемија,. До 13 мај беа потврдени 1.464 пациенти, а како последица на болеста починаа 103 лица.