Home Актуелно Скоро 90 отсто од населението на третата најнаселена кинеската покраина заразено со Ковид-19

Скоро 90 отсто од населението на третата најнаселена кинеската покраина заразено со Ковид-19

Кан Куанченг, директорот на здравствената комисија за централната покраина Хенан, трета по населеност во Кина, го соопшти овој податок.

Куанченгу на прес-конференцијата рече дека од 6 јануари стапката на зараза во покраината Хенан е 89 проценти. Во Хенан живеат 99.4 милиони луѓе, што значи дека околу 88.5 милиони сега најверојатно ќе бидат заразени, пренесува Би-би-си.

Податоците од покраината Хенан се во спротивност со податоците за коронавирусот објавени од владата во Пекинг.

Според податоците од Пекинг, од укинувањето на политиката за нулта ковид во Кина во декември минатата година, заразени се само 120.000 луѓе, додека 30 лица починале.

На 8 јануари, Кина ги олесни ограничувањата за домашно и меѓународно патување дури и кога бранот нови инфекции се прошири низ целата земја.

На 4 јануари, владините претставници на ЕУ издадоа препорака до земјите-членки дека патниците кои летаат од Кина за ЕУ треба да имаат негативен тест за коронавирусот пред да се качат во авионот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…