Home Актуелно Дожд на пониските делови, снег на планините

Дожд на пониските делови, снег на планините

Десеттиот ден од месец јануари во Македонија носи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 8 Целзиусови степени. Маврово 2, Охрид 6, Битола 5, Крива Паланка и Берово 5, Кавадарци 9, Дојран 11.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на некои од повисоките места и на планините од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 2 до 9 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…