Home Актуелно Скопска Апелација ја потврди ослободителната пресуда за велешанката Пале која во самоодбрана го уби својот партнер

Скопска Апелација ја потврди ослободителната пресуда за велешанката Пале која во самоодбрана го уби својот партнер

Скопска Апелација ја потврди ослободителната пресуда за велешанката Павлинка (Пале) Илкоска, која ја донесе Основниот суд во Велес.

Илкоска, која била жртва на семејно насилство од партнерот со кого живеела во вонбрачна заедница, се гонеше за убиство во миг кое се случило кога таа во самоодбрана му нанела рана со нож на партнерот во септември 2021 година.

Велешкиот суд донесе ослободителна пресуда, по што Основното јавно обвинителство Велес се жалеше до Апелација барајќи пресудата да се укине и предметот да се врати на повторно судење поради погрешно утврдена фактичка состојба.

Ослободена од обвинение велешанката Павлина која во самоодбрана го уби својот партнер

Меѓутоа, со ваквата жалба на основното обвинителство, не се согласи Вишото, кое до Апелација испрати мислење дека исправна е одлуката за ослободителна пресуда за Илкоска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…