Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Берзата во САД, Европа и Азија забележа пораст откако ФБИ изјави дека нема причина за кривично гонење на претседателската кандидатка Хилари Клинтон.
Исплашени од можноста републиканскиот кандидат Доналд Трамп да влезе во Белата куќа, инвеститорите ги намалија вредностите на акциите една недела откако директорот на ФБИ изјави дека почнува истрагата на ново откриени мејлови на демократската кандидадтка Хилари Клинтон.
До понеделникот клучните индекси на акциите во САД пораснаа за 1.5 процент или повеќе. Некои инвеститори веруваат дека Трамп драстично ќе ја промени трговијата ако стане претседател, заедно со регулативата и даноците, што ќе ја намали вредноста на американскиот долар.
Една петтина од фирмите ги навеле изборите како ризик за својот бизинис. Според анализата на Фактсет најзагрижени се за финансискиот, индустрискиот сектор и за потрошувачите.
Очекувањата на инвеститорите се дека Клинтон ќе ја остави статус кво ситуацијата, додека пак Трамп им е нестабилен и сметаат дека тој ќе придонесе за загрижувачки степен на неизвесност.
Неодамнешна анализа направена од страна на Вол Стрит Џурнал покажува дека мнозинството на донации за кампањите од страна на бизнисмените одат во корист на републиканските кандидати за Сенатот во САД.
Иако акциите пораснаа со растењето на шансите на Клинтон за победа, анализа на весникот покажа дека мнозинството на придонесите на бизнисите во кампањата отишле кај републиканските кандидати за американскиот Сенат. Ако републиканското мнозинство во сенатот стане малцинство, весникот вели дека најверојатно ќе донесе поголеми проверки и поголема регулатива на финансискиот сектор со демократите во мнозинство.