Home Вебкафе Скара од 13,5 милиони евра

Скара од 13,5 милиони евра

Двајца италијански студенти заработија кривични обвиненија за предизвикување масивен шумски пожар во областа на гратчето Комо, при што оштетиле голема површина на шумски појас, палејќи оган за скара. Сега тие треба да платат и висока парична казна од вртоглави 13,5 милиони евра.

Момчињата на 22 годишна возраст на 30 декември запалиле скара во планинска куќичка, во сопственост на еден од нивните дедовци, кога наеднаш избувнал пожар. Еден од нив во изјава за медиумите вели дека му е жал, но тие не се одговорни за штетата на шумата.

Смета дека со ваквата висока казна тие се ставени во улога на „жртвени јагниња”, бидејќи до сега немало толку висока казна.

„Веднаш ги известивме пожарникарите и дадовме се од себе за да го изгаснеме пожарот.” , изјави еден од студентите.

Пожарот, меѓутоа , се рашири на 1 000 хектари и гореше неколку дена. Според медиумите, законската казна за пртедизвикување пожар е од 118 до 593 евра по метар квадратен , па затоа студентите требало да платат казна од 8 до 40 милиони евра.

Обвинителството побара да платат 13,5 милиони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…