Home Вебкафе Сите го користиме „амин“: Што всушност значи овој збор и од каде потекнува?

Сите го користиме „амин“: Што всушност значи овој збор и од каде потекнува?

Зборот Амин се користи во многу јазики, а го користат и Арапите и муслиманите, за истата цел како и Христијаните.

Зборот со кој се завршува секоја молитва е Амин. А таа има едноставно значење. Амин е збор кој потекнува од хебрејскиот збор амен. Овој збор е еден од ретките кои останале речиси непроменети од своето настанување. Преживеа 1000 години, а обликот е само прилагоден на неколку различни јазици, додека значењето остана исто.

Овој збор датира од времено на првите пишани зборови и се појавува во најраните еврејски записи. Неговото значење се врзува за одобрување и означување на нешто што следи и ќе се случи. Преводот на зборот амин е – „нека биде така“, „Така е“. Амин се користи и да се укаже на тоа дека некој многу се согласува со нешто и во таа смисла значи „вистина, без сомнеж, неспорно“.

Етимолошки, овој збор доаѓа од хебрејскиот глагол „аман“ што се преведува како „засилен, потврден“. Меѓутоа, коренот на овој збор е општисистемски и може да се најде и ерменскиот јазик со кој зборувал и на кој проповедал и самиот Исус Христос. Во православните евангелија овој збор се користи дури 77 пати, и тоа во голем дел се става во уста на Спасителите.

Граматичарите сметаат дека согласниниот корен на овој збор „амн“ и дека тој корен значи „да се биде цврст, потврд, верно, да имаш верба, да се верува“…

Дури и Арапите имаат збор „аман“ кој има исто значење и кој се пренесува во „амин“ на ист начин како и хебрејскиот. Муслиманите зборот „амин“ го користат како и Евреите и Христијаните: кога ја завршуваат молитвата.

Многумина поборници на теозофијата, афроцентралните историски теории и езотеричното христијанство, сметаат дека зборот „амин“ е поврзан со египетскиот Бог, Амон, кој понекогаш се изговара Амен. Во еден момент Амон се стопил со богот на сонцето, Ра, па стана Амон-Ра.

Толку далеку отишла египетската религија, па во еден момент стана практично монотеистичка, бидејќи сите останати богови беа третирани како манифестација на Амон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Меѓу светлината на рефлекторите и темнината на болеста: Емилија Кларк како симбол на храброст

МЕЃУ СВЕТЛИНАТА НА РЕФЛЕКТОРИТЕ И ТЕМНИНАТА НА БОЛЕСТА: ЕМИЛИЈА КЛАРК КАКО СИМБОЛ НА ХРАБР…