Синиша Алексовски денес сведок на рочиштето за „Монструм“: „Му реков на Заев да не ми се злоупотребува името“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бившиот советник во претседателскиот кабинет за време на мандатот на Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски, чие име беше споменувано во случајот „Монструм”, денес во улога на сведок се појави на судското рочиште за овој случај и изјави дека се сретнал со поранешниот премиер Зоран Заев кој тврдеше дека има снимки за овој случај.

Алексовски изјави дека за случајот бил известен од телохранителот на сопругата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Маја. после полноќ.

Обвинителката Фатиме Фетаи го праша дали некогаш имал контакт со некој од родителите на жртвите, на што Алексов одговори потврдно.

„Првата средба беше во кабинетот на претседателот на државата со цел да ги презентираат материјалите кои ги добиле од лидерот на СДСМ. Од нас побараа помош и да одржуваме комуникација“, сведочеше Алексовски.

Неофицијални средби, додаде Алексовски, имало во домот на Оливер Наќевски, близок роднина на едно од убиените деца.

„На таа средба беше присутен Горан Наќевски кој ме извести за средбата со лидерот на СДСМ и нивниот разговор“, додаде Алексовски.

Според него, имало уште една средба на која што Наќевски изразил загриженост дали ќе се одземе надлежноста на тогашното обвинителство.

„Тоа беше кратка средба и јас не знаев да му одговорам на тие прашања. Други контакти не сум имал со родителите на убиените момчиња“, сведочеше Алексовски.

Фетаи го праша сведокот дали по бараната помош им одговорил на родителите, тој одговори негативно.

Алексовски истакна дека не се познава со обвинетите, но дека од полициска евиденција е запознаен со активностите на дел од нив.

„Во 2009 година, водевме регионални акции за нарушувањевна јавен ред и мир и се правеа листи со лица со соодветна склоност на употреба на оружје, и меѓу лицата кои беа опфатени беше Алил Демири“, посочи Алексовски.

Алексовски истакна дека со Зоран Заев имал две средби за случајот „Монструм“.

„Едната средба беше во кабинетот на претседателот на РМ, и втората во кабинетот на претседателот на владата. Првата средба беше на мое барање, а втората по негова иницијатива. На средбата беше соочен со извештаите и да ни појасни за гласините околу гласините за моја вклученост во случајот. Негираше дека мене лично ме спомнал и дека до него доаѓаат секакви гласини во врска со случајот „Монструм“, изјави Алекаовски.

Тој рече дека Заев не му одговорил од каде му се информациите за инволвираноста во случајот „Монструм“, истакнувајќи дека од Заев побарал да престане да му го злоупотребува неговото име.

На средбите Алексовски побарал од Заев да не го злоупотребува неговото име и да не го поврзува со овој случај. Поранешниот советник пред судот тврдеше дека токму Заев на средби со семејствата на жртвите тврдел дека телефонот на Алексовски бил најден кај езерото и дека автомобилот “Опел Омега” кој бил користен за убиството бил користен од единицата Алфи, чиј командант до 2009 беше Алексовски.

„Со премиерот Заев имав две средби за случајот Монструм. Последната во Кабинетот на Иванов и втората во Кабинетот на Заев. Првата средба беше на мое барање, втората на негово барање. На средбата беше соочен со извештаите кои ги имавме и баравме објаснување за гласините. Негираше дека мене лично ме спомнал, рече дека до него доаѓале многу информации. Побарав од него да прекине да го злоупотебува моето име и одговори потврдно“, рече Алексовски.

Тој му порачал за возилото да провери кај командантот на „Алфите” кој го поставил тој, Примислав Димовски кој бил во единицата од 2007.

Алексовски рече дека и на Заев и на семејствата им кажал дека телефонот кој го користел кога се случило убиството се уште го поседува дома и дека ја користи истата сим картичка.

За дел од обвинетите имал полициски информации уште кога бил командант, Фејзи Азири, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

Тој откри дека обвинетиот Алил Демири бил врска со еден од обвинетите поврзан со грабежот во Прокредит банка.