Симона Николова повторно има потреба од сите нас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Симона Николова е млада скопјанка која веќе 15 години боледува од Фридрикова атаксија ( нарушување на нервниот систем и немање на рамнотежа на телото).

Родена е како седум месечно бебе и има поминато 20 дена под надзор од доктори во болница без инкубатор. Растена е како сосем здраво дете до 8 години сè додека на таа возраст не паднала од точак при што се здобила со силен удар на главата. Неколку месеци по падот, кај Симона дијагностицирале дијабетес и Friedreich’s ataxia. Со тек на годините почнала да губи рамнотежа и да оди со помош. Веќе 6 години користи инвалидска количка како превозно средство.

Има одлична меморија и одличен вид. Има осет на цело тело. Многу добро работи на компјутер, иако има тешкоти со третиот и четвртиот прст на двете раце. Сама јаде, а не може да пишува. Има потешкоти во говорот, бавно зборување и замор, но може да комуницира со луѓето. Понекогаш со помош можае да застанe на нозе, но нема рамнотежа дури ни при седење. Исто така со години има сколиоза во долниот дел кај карлицата и колкот речиси 90%.

После успешниот прв третман во Кина и позитивните ефекти од истиот за нејзиното здравје, Симона е повикана од доктор Ву за да биде подложена на втор третман кој ќе биде уште покорисен за нејзиното тело. За таа цел има потреба од собирање на финансиски средства во износ од 17.000 евра (колку што ќе чини третманот).