Home Живот и здравје Сигнализира кога има инфекција и го следи процесот на раната – паметниот завој во употреба догодина

Сигнализира кога има инфекција и го следи процесот на раната – паметниот завој во употреба догодина

Научниците од Универзитетот во Свонси создадоа паметен завој кој следи како зараснува раната и праќа порака до лекарот.

Завојот треба да биде во употреба од идната година.

Тенки сензори регистрираат инфекција и заштитуваат од згрутчување на крвта. Исто така, овие сензори можат да бидат споени на паметни телефони и преку апликација можете да го следите здравјето, што може да биде клучно во процесот на лечењето.

– Традиционалната медицина е таа која на пациентите им пропишува терапија секој месец или секои три месеци. Иднината е во постоењето на разни видови на терапии кои се креираат за поединец врз основ на неговиот животен стил и начин на живот. Понекогаш пациентите толку се плашат на лекарот да му кажат дека се е во ред, но за тоа повеќе нема потреба. Во новиот 5Г свет лекарите и пациентите можат да работат заедно на решавање на проблемите, изјави професор Марк Клемент.

Во тек се и лекарски тестирања. Завојот испушта жолта течност ако е откриена инфекција на раната во самиот почеток.

Минатата година е соопштено дека се работи на завои од оклоп од ракови кои ќе помогнат во побрзо зараснување на раните. Клучната состојка е минерал кој се вика китозан и кој се наоѓа во раковите. Познат е како убиец на бактерии и се користи во Кина за лечење на рани веќе со векови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Очила за сонце од природата? Овие две супермоќи ги штитат твоите очи!

Сонце, лето, џумлење надвор до доцна – звучи совршено, нели? Додека со ентузијазам мачкаме…