Сибирскиот студ продолжува: Облачен понеделник со утрински температури под минус 20


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наоблачувањето во текот на ноќта недела кон понедеделник ќе значи и повисока минимална темпераута во источниот регион во однос на недела. Но, дури и тоа повисока, споредено со оние минус 28 степени во Берово од недела на утро, ќе значи минимална околу минус 20 Целзиусови во ова местo.

Минималнатa температура низ котлините ќе има вредност помеѓу минус 14 степен и минус 20 степени, а на повисоките места околу минус 22 Целзиусови.

Се очекува најголемиот дел од денот да помина во облачно и малку ветровито време. Повремено е можно да провее сосема слаб снег, но само на повисоките места.

Максималната температура повторно ќе остане под нулата и ќе има вредност во границите помеѓу минус 10 и минус 7 степени, а на југоисток околу минус 5.

Скопскиот крај го очекува облачно и малку ветровито време. Минималната ќе се спушти до околу минус 16 Целзиусови  а максималната нема да надмине минус 8 степени.