Home Живот и здравје Шведските научници тврдат: Кучињата штитат од астма

Шведските научници тврдат: Кучињата штитат од астма

Децата, кои во текот на првата година често биле во друштво на куче, имаат 15 отсто помал ризик да добијат астма од оние кои не растеле со овие миленичиња, тврдат шведските научници, кои спроведоа истражување на илјада деца, утврдувајќи ја предноста од дружењето со кучиња.

Се препоставува дека тоа е така затоа што децата со куче времето го поминуват надвор, на воздух и се физички поактивни, што позитивно се оздразува на здравјето, особено на белите дробови

„Има и такви кои тврдат дека тоа не е хигиенски, но токму поради тоа што домаќинствата со куче се поизложени на микроби, децата се поотпорни и поретко имаат астма“, вели Тау Фол, професорка од Универзитетот во Упсала.

„Тоа се вика фармерски ефект, бидејќи уште претходно е утврдено дека децата од фармите се многу помалку подложни на астма од оние кои немаат контакт со животни. Кучето влијае позитивно на децата на многу начини, дури и на храната и на воздухот“, кој го вдишуваат, додаде таа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Вечера за 10 минути: Лесно и вкусно

Ако немате премногу време за готвење вечера, не мора веднаш да се откажете и да нарачате г…