Швајцарски „Баумер“ започна со работа во Бунарџик


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со денешното официјално големо отворање, со работа во индустриската зона Бунарџик започна швајцарската инвестиција „Баумер“, одбележувајќи го стартот на производството.

Швајцарската инвестиција е вредна околу 5 милиони евра и во оваа почетна фаза има 150 вработени. Со реализација на наредните инвестициски фази во фабриката ќе работат околу 500 лица.

Фабриката во Скопје е нивна 39та, а Баумер се присутни во вкупно 19 држави и вработуваат околу 2.700 лица. Баумер изработува сензори и сензорски решенија.