ШТО СЕ СЛУЧУВА!? – Роналдо бил два пати обвинуван за силување и во 2005 година!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кристиано Роналдо е во големи проблеми. Полицијата во Лас Вегас го отвори случајот во кој Кетрин Мајорга го обвинува за брутално силување во хотел во Лас Вегас во 20009 година.

„Цврсто ги отфрлувам сите обвинувања. Силувањето е одвратен чин и нешто спротивно на се она во што верувам. Одбивам да го хранам медиумскиот спектакл создаден од луѓето кои сакаат да се промовираат на моја сметка. Мојата совест е чиста и мирно ги чекам резултатите од истрагата“, гласеше обраќањето на Роналдо по обвинувањата.

Сега британските медиуми потсетуваат дека Португалецот и во 2005 година се соочил со исти обвинувања. Тогаш како 20 годишник бил испрашуван во полицијата бидејќи една девојка од Франција го обвинила за силување во хотел во центарот на Лондон.

Седум дена подоцна судот одлучил дека нема доволно докази за започнување постапка. Уште една жена тврдеше дека Португалецот сексуално ја нападнал неа и нејзината роднина истата ноќ, но подоцна таа го повлече обвинението.

Адвокатите на Мајорга во првото обраќање ги повикаа сите останатите евентуални жртви на Роналдо да ги контактираат.