Шпанско-аргентински палеонтолошки тим откри нов вид на диносаурус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тим од шпански и аргентински палеонтолошки истражувачи во Аргентина открија добро сочувани остатоци на непознат вид диносауруси , за кои се претпоставува дека пред 110 милиони години.

Според информациите на државниот универзитет Ла Матанза , остатоците на трите диносауруси припаѓаат на еден возрасен и два млади диносауруси. Новооткриниот вид научниците го нарекле Lavocatisaurus agrioensi , а станува збор за животни кои се хранеле со растенија, кои спаѓаат меѓу најголемите видови диносауруси.

Должината на возрасниот примерок е 12 метри ,а младите се долги шест и седум метри. Диносаурусите од овој вид можеле да достигнат и должина меѓу 33 и 35 метри и тежина од 120 тони.

Пронаоѓањето на овие фосили е изненадување за научната јавност , бидејќи подрачјето каде се најдени е со слаба вегетација , каде тешко може да се замисли живот на диносауруси , кои се хранеле со растенија.