Шпанка лажирала сопствено киднапирање за да му земе пари на сопругот кој бил во болница и да се коцка со нив


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


47-годишна жена од Шпанија го лажирала сопственото киднапирање и користела дел од откупот од 5.000 фунти што го платил нејзиниот сопруг за да игра бинго.

Неименуваната 47-годишна жена ја извршила оваа измама додека нејзиниот сопруг бил во болница. Мажот бил преплашен и мислел дека неговата сопруга е во смртна опасност. Така, на 4 октомври повикал полиција и го пријавил наводното киднапирање.

Во меѓувреме добил пораки, кои всушност му ги праќала неговата сопруга, во кои пишувало дека е киднапирана и инструкции како да го плати откупот, пишува The Mirror.

Полицијата ангажирала специјална единица која се занимава со киднапирања и која набрзо утврдила дека станува збор за лажна закана, особено благодарение на видеото на кое се гледа како 47-годишната жена ги зема парите од откупот, а потоа оди да игра бинго.

Полицајците ја пронашле во казино во Бадалона, во близина на Барселона и ја уапсиле среде играње бинго. Таа е пуштена со кауција додека се води кривичната истрага.