Шпанија најверојатно ќе го одложи формалното зачленување на Македонија во НАТО


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако шпанскиот крал Фелипе Шести донесе одлука Шпанија на 10 ноември оваа година да оди на предвремени парламентарни избори, прилично е веројатно дека тоа ќе биде причина за остварување на сценариото според кое Македонија на овогодинешниот Самит на НАТО, закажан за 3 декември во Лондон, нема и формално да стане членка на Алијансата.

Причина за тоа е неможноста шпанскиот парламент да се состане и да го ратификува пристапниот протокол за С. Македонија.

Шансите за спротивното се теоретски, со оглед дека според шпанската легислатива, победникот на изборите кои се одржаа на 28 април има последна можност до 23 септември да направи влада.

Во случај и таа можност да не се оствари, земјава ќе треба да почека формализирање на членството до почетокот на 2020 година.

Од вкупно 29 земји членки на НАТО, пристапниот протокол за членство на С.Македонија досега го имаат ратификувано 22 држави.