Шорцеви слични на оние кои ги носел исчезнатиот Мартин најдени на бреговите на Катерини


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Шорцеви кои личат на оние кои ги носел 31-годишниот Мартин Јовановски кој пред две недели исчезна во морските води беа најдени на брегот на Катерини во Грција и им дадоа надеж на надлежните дека можеби потрагата ќе даде резултати.

Фотографијата била испратена до спасувачите, а засега не е потврдено дали истите биле на Мартин. Човекот што ги видел и ги фотографирал, не ги земал за да може да се направат анализи и да се утврди дали се на исчезнатото момче. Сега облеката ја нема, најверојатно ја однела водата.

„Информацијата за идентификација на костум за кампење кој наликуваше на исчезнатото лице нè донесе на бреговите на Катерини. Пристигнавме со помош на спасувачкиот тим. Ја пребаравме цела област, но залудно”, објави шефот на спасувачката мисија „ОФКАТ”, Христос Рамос.

Неговиот брат Горан пристигна од САД со сопругата и неговото дете за да се приклучи во потрагата. Пред неколку дена тој се заблагодари до сите доброволци и оние кои учествуваа во потрагата по Мартин и рече дека до сега нема ништо, на потрагата чини многу пари кои тој и неговото семејство не можат да си ги дозволат. Повторно апелираше за помош.

Горан преку грчките медиуми испрати апел до грчката Влада да се вклучи во потрагата затоа што истата е премногу скапа.

„Овде сме со моето семејство, со мајка ми, сопругата и со моето 10 месечно бебе и го бараме брат ми. Уште нема никаков знак, ниту резултати, ништо. Потрагата по мојот брат станува многу скапа, изнајмуваме чамци, дронови, подводни камери… Моето семејство не може повеќе да си дозволи. Сакам да кажам посебно благодарам до сите доброволци од мојата земја, до сите донации од секаде без кои немаше да направиме ништо и до грчката влада која неколку дена ја покриваше потрагата. Сега јас и моето семејство сме заглавени во туѓа држава каде воопшто и не го познаваме јазикот, и не можам да си одам дома без мојот брат. Замолувам уште еднаш ако грчката влада може било како да ни помогне, со опрема, дронови, хеликоптери, како и целата грчка популација. Граѓаните кои имаат дронови да помогнат ако можат, бидејќи сме со ограничена група на луѓе , а имаме голема територија за пребарување”, рече пред неколку дена братот на исчезнатиот Мартин.