Филм / ТВ

„Shoplifters“ од јапонскиот режизер Хироказу Коре-еда се закити со „Златна палма“

Јапонскиот филм „Shoplifters“ од режисерот Хироказу Коре-eдa е добитник на овогодинешната„Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал. Хироказу се обрати на јапонски и рече дека наградата му ја посветува на целиот тим што работеше на филмот.

Филмот „Blackkklansman“ од американскиот режисер Спајк Ли доби Гран-при на фестивалот, додека наградата од жирито ја понесе филмот „Capernaum“ од либанската режисерка Надин Лабаки.

Наградата за најдобра режија ја доби полскиот режисер Павел Павлинковски за остварувањето „Zimna wojna“ („Студена војна“).

Претседателка на овогодишното жири за доделување на наградата „Златна палма“ беше австралиската актерка Кејт Бланшет.

Наградата за најдобар актер ја освои Марсело Фонте за улогата во филмот „Dogman“ од режисерот Матео Гароне, додека Самел Јеслкамова ја освои наградата за најдобра актерка.

Во трката за „Златна палма“ беа 21 филм, а фестивалот се затвори со проекција на филмот „The man who killed Don Quixote“ („Човекот што го уби Дон Кихот“) од режисерот Тери Гилијам.

To Top