Home Актуелно Шинзо Абе им подлегна на повредите откако беше застрелан за време на политички говор

Шинзо Абе им подлегна на повредите откако беше застрелан за време на политички говор

Бившиот јапонски премиер Шинзо Абе почина на 67-годишна возраст во болница, откако претходно беше застрелан додека држеше говор на улица, објави јапонската телевизија НХК, цитирајќи извори од владејачката Либерално-демократска партија.

Животот на поранешниот јапонски премиер со најдолг стаж, се обидувале да го спасат тим од дваесет медицински работници. На прес-конференцијата во болницата, лекарите рекле дека поранешниот лидер починал од прекумерно крварење, а куршумот што го убил продрел доволно длабоко за да допре до неговото срце.

Абе беше застрелан околу 11:30 часот по локално време во Нара, источно од Осака, додека држел говор за изборната кампања.

По инцидентот, полицијата го уапсила Тецуја Јамагами, жител на Нара во неговите 40-ти години. ТВ НХК објави дека мажот не се обидел да побегне и е задржан на распит во полициска станица. Се чини дека користел рачно изработен пиштол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…