Серџо Кавандоли: La Linea е генијален бидејќи е едноставен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


La Linea е посебен, сакан и генијален бидејќи е исклучително едноставено, рече Серџо Кавандоли, пред да ја отвори големата стрип изложба „Да живее Кавандоли!“ во чест на својот татко, италијанскиот аниматор Освалдо Кавандоли, во старото кино „Војводина“ во Панчево.

Изложбата во чест на авторот на легендарниот цртан филм La Linea беше вовед во програмата и почетокот на Фестивалот на современи ументости, кој освен во Панчево, се одржува и во Белград и Ковин.

Серџо нагласи дека неговиот татко, со помош на еден потег, анимираше нешто што нема уста.

„Мојот татко сè работеше сам, во едно мало студио. Имаше хартија во А4 формат и молив. Неговиот карактер се совпаѓаше со карактерот од анимираниот лик кој го создаде. Тоа чувство да ги пренесе нијансите на емоции со толку едноставна техника на хартија, а потоа и на ТВ екраните, го направи славен“, додаде синот Кавандоли.

Пјеро Тонин

Пјеро Тонин, за Танјуг, изјави дека како мал го гледал La Linea на телевизија.

„Кога Кавандоли ми стана учител, тоа беше еден од пресвртните моменти во мојот живот. Мене Кавандоли ме учеше да живеам, бидејќи беше радосна личност која многу размислуваше. Во анимацијата ме научи на синтеза, анимација и комичност“, додаде Тонин.

„Имаме интернет, паметни телефони. Денес секој аниматор може да работи сам и на исклучително лесен начин да ја изрази својата креативност“, вели Кавандоли.

На 12 октомври, во Белград, посебна целина ќе направи бесплатната програма која ја осмисли Лазар Џамиќ под наслов „La Linea и маркетингот: Како да се оживее неживото“.

Најди ги најдобрите казино бонуси на casinobonus.mk.