Јелена Карлеуша повторно е обединета со поранешниот сопруг Душко Тошиќ. Милано овие денови е местото каде што се собрале семејството на Јелена и Душко, кои пристигнале во Италија за да бидат со постарата ќерка Атина на почетокот на нејзиниот самостоен живот.
Атина Тошиќ неодамна одлучи да го продолжи своето образование во Милано, каде што започна ново животно поглавје. Пред да започне со студентскиот живот, со татко ѝ престојуваше во Италија за да најде стан и да организира сè што ѝ е потребно за живот далеку од семејниот дом.

По краткиот повраток во Белград, Атина повторно се упати во Милано, овој пат со мајка ѝ Јелена и помладата сестра Ника. Јелена сакаше да помине некое време со ќерка ѝ и да ѝ помогне да се навикне на новата средина, секојдневните обврски и животот во друг град.
Пејачката дел од атмосферата од Милано ја сподели и со следбениците на социјалните мрежи, со кратка порака: „Бакнежи од Милано“.
Според планот на семејството, Јелена Карлеуша и Ника треба да останат некое време со Атина, по што Јелена и Душко би се менувале во посетите. На овој начин сакаат да ѝ дадат поддршка во првите месеци на студирање и да ѝ бидат достапни додека не се осамостои во новата средина.

Во меѓувреме, во Милано пристигна и Душко Тошиќ, кој своето пристигнување го објави на Инстаграм. Поранешниот фудбалер објави фотографија од еден луксузен ресторан, каде што помина вечерта, но не откри дали бил сам или во друштво.
Иако Јелена Карлеуша и Душко по разводот продолжија со одвоени животи, поради своите ќерки останаа поврзани и, како што се гледа од нивните постапки, се трудат да им бидат поддршка во важни животни моменти.

За Атина, заминувањето во Милано е голем чекор кон самостојноста, а присуството на двата родители во првите денови може дополнително да ѝ го олесни прилагодувањето на студентскиот живот и новата секојдневица.
Извор: Story.rs