Home Живот и здравје Се што треба да знаете за боква тренингот! (видео)

Се што треба да знаете за боква тренингот! (видео)

Многу ги избираат тренинзите според количината на забава кои им ја пружат, па ако барате висок процент забава, пробајте боква.

Боква е интензивен кардио тренинг сличен на зумбата, но е специфичен бидејќи ги комбинира елементите на кик бокс, африкански танц и други движења, а што е најважно, воопшто не морате да бидете надарени за плес за да уживате.

Тренинзите се едноставни од првиот чекор и воопштоне бараат комплицирани корегорафии, ниту пак е потребно некакво предзнаење или вештина. Важно е само да имате добра воља.

Имено, иако боква е слична со зумбата по наќинот на вежбање и по интензитетот, зумбата се потпира на танцови движења кои се специфични за латино танците како салса, самба и слично.

Без кореографија, без танцови движења, а ветува многу здравје и линија.

Како секоја кардио вежба, а запаметете дека зумбата е еден од највлијателните кардио тренинзи кога зборуваме за количината на колории кои треба да се согорат и со боква многу добро ќе го поттикнете метаболизмот и ќе ги зајакнете мускулите.

Ви претставуваме неколку видеа со почетнички движења:

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 правила за животот на вашата мачка

10 правила за животот на вашата мачка Ако имате мачка како милениче, мора да го прочитате …