Home Актуелно Се преврти пожарникарско возило во Маџари – тројца пожарникари повредени

Се преврти пожарникарско возило во Маџари – тројца пожарникари повредени

Во сообраќајна несреќа која се случи во скопската населба Маџари, се преврти возило на противпожарната единица која одеше да гасне пожар во Арачиново, при што тројца пожарникари биле повредени.

„Веднаш по сообраќајната несреќа пожарникарите со воизло на итна помош се однесени во Ургентниот центар. Повредените се контактибилни но се прават детални анализи“, ни изјави Звонко Томески, командант на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Екипата требало да интервенира на пожар во куќа во селото Арачиново каде што биле опожарени 200 метри квадратни, покрив и еденн кат. Таму била испратена друга протипожарна екипа.

Полицијата врши увид на местото по што ќе бидат познати причините за сообраќајната несреќа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…