Home Актуелно Се појави видео од убиството на еден од терористите во Камбрилс

Се појави видео од убиството на еден од терористите во Камбрилс

Видео од убиството на еден од терористите што го извршија нападот во шпанскиот град Камбрилс е објавено на „Јутјуб“.

Видеото го направил Британецот Фикрој Дејвис. Каталонската полиција потврди дека возачот на „комбето на смртта“, кој уби 13 луѓе во Барселона, е еден од петмината терористи кои полицијата ги ликвидираше во градот Камбрилс.

Вчера, по нападот во Барселона, терористички напад се случи и во Камбрилс, каде автомобил влета во пешаци. Во нападот загина едно лице, а повредени беа седум лица, меѓу кои и еден полицаец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…