Славни

Само таа знае каде е скриена пепелта од Фреди Меркјури

Вчера се навршија 25 години од смртта на легендарниот рок вокал Фреди Меркјури. Култниот пејач на групата Queen боледуваше од сида, а неговата смрт беше предизвикана од јака форма на бронхитис.

Фреди во последните месеци од неговиот живот не се појавуваше во јавноста, затоа што се плашел како ќе реагираатобожувателите кога ќе видат како изгледа поради болеста, но на тој начин сакал да ги заштити и неговите блиски.

Веста за својата болест ја објави дури 24 часа пред неговата смрт.

Тој почина во Лондон опкружен со најблиските пријатели кои знаеле дека одбива да зема лекови. Неговиот асистрен Петер Фристон отрки дека Фреди одел толку далеку за да ги заштите најблиските и себе си по неговата смрт, така што никој не знае каде се наоѓа неговата пепел, освен Мери Остин, жената за која зборуваше дека е љубовта на неговиот живот.

Во неговата порака тој напиша дека сака Мери да ја преземе неговата пепел и никогаш да не открие што се случило со него.

Мери неколку години подоцна откри дека се плашела оти неговите обожавателите ќе ја ископаат неговата пепел, како што тоа го правеле со други познати личности.

25-11-mercury-ashes1

До денес таа ниту на партнерот на Фреди, ниту на неговите родитлеи не им кажува каде е неговата пепел. Потрагата по пепелта на Фреди трае од 1991 година, па таа стана како еден вид Свет грал за неговите фанови.

Фреди важи за еден од најдобрите пејачи на сите времиња и е најпрепознатлив како пејач на рок групата „Квин“, која влезе и во Гинисовата книга на рекорди како најуспешен бенд во историјата на британската топ листа.

„Bohemian Rhapsody“, „Killer Queen“, „Somebody to Love“, „Dont’t Stop Me NOw“, „Crazy Little Thing Called Love“ и „We Are the Champions“ само се некои од хитовите по кои светот и денес го памети.

На 70-годишнината од неговото раѓање, Меѓународната астрономска унија по него именува еден астероид.

Advertisements
To Top