Само Пендаровски денеска се појави на гробот од Гоце Делчев – за Ковачевски и Мицкоски Конско и Карбинци беа побитни од учителот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска не го посетија гробот во кој почиваат останките на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде беше одбележана 119-годишнината од неговата смрт. Ковачевски беше на увид во градежните работи на браната Конско, а Мицкоски беше зафатен со партиски активности во општина Карбинци.

На гробот на Делчев цвеќе положи претседателот Стево Пендаровски. Тој на својот Фејсбук профил, меѓу другото, напиша дека македонскиот револуционер и визионер Делчев е „светски хуманист со високи интернационални и космополитиски погледи“.

Ковачевски испрати порака во која истакна дека „македонскиот револуционер Гоце Делчев беше лидер на идејата за независна македонска држава, којашто ја споделуваа прогресивните сили на целиот тогашен Балкан, а неговите идеали и заложби остануваат и денес наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја“.

Мицкоски на својот профил на Фејсбук 119-годишнината од убиството на Делчев, кого го нарече „апостолот на македонската национална борба за слобода“, ја одбележи објавувајќи досега необјавен документ, статија во Der Deutsche Correspondent од 29.05.1903 година, под наслов „Македонските масакри“, а по повод убиството на Делчев.

Владината делегација на гробот на Гоце Делчев ја предводеше министерката за труд и социјала Јована Тренчевска.

Делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ ја предводеа потпретседателите Владо Мисајловски и Александар Николоски.