Руски воз со проектили уништен од беспилотни летала на Крим (снимка)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вагони кои пренесувале руски крстосувачки проектили „калибр“ биле уништени при напад од страна на беспилотни летала врз воз на железничката станица во Џанкој на Крим, само три дена откако рускиот претседател Владимир Путин ненајавено го посети анектираниот полуостров, пишува Слободен печат.

Рускиот управител на Џанкој изјави дека еден цивил бил ранет од шрапнели од соборен дрон. Киев го потврди уништувањето на проектилите, но, како и повеќе пати до сега, не презеде одговорност за напади извршени длабоко зад линијата на фронтот.

Киев додаде дека проектилите „калибр“ биле транспортирани со воз до руската Црноморска флота. Крстосувачките проектили се лансираат од брод и со нив може да бидат гаѓани цели на копно на далечина над 2.500 километри или на море на далечина од 400 километри. Еден проектил чини околу 1 милион долари. Не е објавено колку проектили „калибр“ имало на возот и колку од нив се уништени.

Ихор Ивин, рускиот администратор на Џанкој, не спомна ни збор за воз и проектили. Тој истакна дронот вооружен со експлозив и шрапнели бил истрелан врз цивилни цели и дека парче од соборениот дрон ранил 33-годишен маж.

Телевизијата „Крим 24“ јави дека експлозијата предизвикала пожар во приватна куќа, училиште и бакалница, а била оштетена и електричната мрежа.

И Олег Кричков, советник на рускиот администратор на Крим Сергеј Аксјонов, изјави дека дроновите имале цивилни цели.

Украински офицери тврдат дека цели региони од Џанкој се пренаменети во воени зони и дека градот сега е најголемата руска копнена воена база на Крим. Британското Министерство за одбрана лани оцени дека Џанкој е главната железничка и патна крстосница и е клучна точка за операциите за доставување оружје и муниција до руските сили во јужните делови на Украина.

Ова не е прв напад на полуостровот за кој Украина не презема одговорност. Со девет дрона во октомври 2022 година беше нападната Црноморската флота во пристанишната база Севастопол на Крим, при што беше оштетен борбен брод. Во август, пак, проектили уништија седум борбени авиони во воздухопловната база Саки на југот на Крим, при што загина и едно лице.

Во реонот на Џанкој, пак, лани во август беше извршена саботажа во магацин за муниција кај селото Мајское, поради што беа евакуирани сите луѓе во радиус од 5 километри околу магацинот.